
Македонија
Вести
Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски е приведен во полициска станица на информативен разговор.
Извори од истрагата информираат дека Стојановски е во полициска станица во врска со видеото што излезе во јавност откако порталот Лидер го објави, на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.
Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на утрешниот ден.
Во пресрет на референдумот кој ќе се одржи на 30ти месецов, граданочалникот на Општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.
Во јавноста излезе видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.
Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму. – им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.
Ваквата закана на на Стојановска отвора простор за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството.
Со оглед на тоа што се работи за период пред референдумот, ова може да се протолкува и како притисок, што според кривичниот закон е класифицирано како тешко кривично дело.
Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Претходно работел во Министерството за внатрешни работи.
Стојановски е втор градоначалник на СДСМ кој завршува притов, по градоначалникот на Ново Село кој заврши во затвор за нелегално криумчарење на цигари, акција во која беше фатено целото негово семејство, вредна милиони евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.