Министерството за здравство заедно со Здружението на приватни лекари ќе формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство

Објавил: admin@magazin | 18 февруари, 2022 16:42

Матичните лекари го прекинуваат протестот, постигнат договор со Министерството за здравство

Фото/Текст извор: ©nova.tv

Матичните лекари го прекинуваат протестот – преку работни групи со Министерството ќе бараат решение на проблемите.

Министерството за здравство заедно со Здружението на приватни лекари ќе формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство. Ова било договорено на денешниот состанок помеѓу заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски и претседателката на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова.

Во овој краток период откако ја преземав функцијата имав повеќе средби и со министерот за здраство и со Фондот за здравствено осигурување, она што го увидувавме во примарната здравствена заштита е дека навистина од 1463 медициски тимови во примарната здравствена заштита, околу 500, односно една третина се на работ на егзистенција. Практично добиваат едвај загарантирана минимална плата за тимот доктор/сестра“, рече Рендевски и најви дека што е можно поскоро ќе изнајдат решение за да бидат докторите и мотивирани и да останат да работат во интерес на пациентите.

Рендевски најави дека ќе се обезбеди минимална загарантирана плата и за докторите и сестрите кои едвај преживуваат со мал број пациенти, за да нема одлевање на медицинскиот кадар, ниту затворање на ординациите што ќе биде на штета на пациентите. Рамномерно ќе се обезбеди загарантирана минимална плата и за ние ПЗУ каде има и поголем број на пациенти, поради што вработени биле и повеќе тимови.

“Заеднички ги разгледавме и одредени казнени мерки на кои се залеа матичните лекари, а се изрекувани од ФЗО, имавме состанок во текот на денешниот ден со менаџментот на Фондот и договоривме во иднина да се гледа за некои помали, навистина административни грешки, казните да не бидат парични, туку да бидат во форма на опомена“, додаде заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.

Од Здружението на приватни лекари се задоволни од средбата. Велат протестот ќе биде прекинат.

„Јас ги изнесов сите наши забелешки. Апелиравме да се формираат веднаш работните групи, а заедно со Лекарската комора апелиравме во секоја работна група да има човек кој ги разбира и има позитивен став кон нашите барања. Очекуваме сето ова што беше кажано да стои, бараме да има континуитет во сите наши договорени барања и оние со претходниот министер за здравство, се со цел да имаме задоволни и мотивирани здравствени работници кои ќе работат за доброто на своите пациенти“, вели Чолакова Дервишова.

Утрово, 50-тина лекари од Приватните здравствени установи излегоа на протест пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Велес. Останатите матични лекари, кои го поддржија протестот, денеска работеа само со итни пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...