Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари.

Објавил: Перо Милчин | 15 јануари, 2021 16:54

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДОБИЈА ПРОТОКОЛ ЗА ЛЕКУВАЊЕ СО ИВЕРМЕКТИН

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид -19.

Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари.

До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО РСМ. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Министерството за здравство потенцира дека Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.

Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Процесот се одвиваше во повеќе фази, а почна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостиг од лекови, за пациентите, посочи министерот пред пратениците во комисијата.

ФИЛИПЧЕ: ИЗМЕНИТЕ НА ЗЗО ЌЕ ОВОЗМОЖАТ ГРАЃАНИТЕ БРЗО И ЕФИКАСНО ДА ДОБИЈАТ ТЕРАПИЈА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, А ДРЖАВАТА ДА ЗАШТЕДИ ПАРИ

Со измените на Законот за здравствено осигурување (ЗЗО), освен што ќе се воспостави...

Резултатите од PCR-тестовите може да се преземаат од официјалната страница, со претходно добиен код издаден при наплата во самиот пункт за ковид-тетстирaње или директно на пултот во болницата. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нема претставништва за ковид-тестирање надвор од градот Скопје.

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ PCR-ТЕСТОВИТЕ СЕ ПРАВАТ ИСКЛУЧИВО ВО СПЕЦИЈАЛНИОТ ПУНКТ ВО СКЛОП НА БОЛНИЦАТА

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најголемата приватна лабораторија...

Со оваа донација, Банката во изминатите 10 месеци има донирано повеќе од 220.000 евра во справување со коронавирусот преку опрема и материјали во поддршка за здравствените работници.

ФИЛИПЧЕ: СТОПАНСКА БАНКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА КОВИД КРИЗАТА ДОНИРА ОПРЕМА И СРЕДСТВА КАДЕ ШТО Е НАЈМНОГУ ПОТРЕБНО

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, генералниот извршен директор на Стопанска...