Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и го бојкотираа почетокот на второто полугодие од учебната година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јануари, 2021 12:16

Матурантите ја бојкотираат наставата

Фото/Текст извор: ©360

Планираат бојкотот да трае една недела, а потоа дополнително ќе одлучат дали ќе продолжат да протестираат!

Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и го бојкотираа почетокот на второто полугодие од учебната година.

Организирани од Сојузот на средношколци тие бараат да полагаат два наместо четири (три екстерни и еден интернет предмет) од државната матура – спротивно на ставот на МОН, дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми.

Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, за МИА изјави дека според информациите од нивни ограноци, бојкот има во средни училишта во 20 града, вклучително и во Скопје, а онаму каде што немало, причина е што не биле известени.

Ниту по вчерашната онлајн-средба со министерката Мила Царовска не е постигнат договор за нивните барања – за државната матура да се полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира да ја студира.

„Како и на средбата што ја имавме во декември, министерката рече дека тоа ќе се земе предвид за новата концепција за државна матура од идната учебна година и дека Државниот испитен центар нема време сега да ги намалува“, вели Ходаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Зошто е потребно Македонија во услови на пандемија и сериозна финансиска и економска криза итно да се задолжи со огромна сума на пари за реформа, а при тоа нема јасно изградена стратегија и реално одржлив план за нејзино спроведување? –праша Муцунски.

Дали Царовска е подготвена да ги признае грешките за образовниот радикален „концепт без концепт“ и зошто се задолживме 21.5 милиони евра?

На вчерашната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во пратеничко...

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев посочи дека без квалитетна работна сила компаниите тешко можат да се борат со пребирливиот европски пазар.

Царовска: Дури 85 % од компаниите се подготвени да примаат ученици на практична настава

Со директорите на средните стручни училишта и претставниците на реалниот сектор...

Денеска е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ.

Директорите на училиштата на средба со Царовска: Реформите се нужни, посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите...