Направете вкусни мафини со малини и чоколадо.
Овие вкусни мафини претставуваат спој на различни вкусови, киселкост на малините краситост и миризливост на ова превкусно овошје, со прекрасната блажина што ја оддаваат парчињата чоколадо во нив.
Состојки:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
150 гр. чоколадо за готвење
125 гр. путер
150 гр. малини
Подготовка:
Се топат заедно чоколадото и путерот на пареа, се матат со миксер белките со шеќер, па потоа се додаваат жолчките и се матат да се соединат, па се меша брашното со жица во смесата.
Се додава оваа смеса со постојано мешање во чоколадото и се ставаат измиени и исцедени малини.
Се става малку масло во калап за мафини и се става смесата, се ставаат и горе малини за декорација.
Се печат на 220 степени 10 минути.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.