Како што се додава, нема докази дека мачката била таа која го пренела вирусот на сопствениците или дека било кое друго домашно животно е способно за тоа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јули, 2020 11:04

МАЧКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС: Прв забележан случај во Велика Британија од почетокот на пандемијата!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Radio Sarajevo

Една мачка стана првото животно во Велика Британија кое е позитивно за коронавирусот, пишува Sky news.

Сè што е познато за ова домашно милениче е дека живее во Англија и било тестирано во лабораторијата на 22 јули. Се верува дека мачката ја „добила“ инфекцијата од нејзините сопственици, кои претходно биле тестирани и биле позитивни на коронавирусот, но членовите на семејството, како и животното, целосно се опоравиле досега.

Како што се додава, нема докази дека мачката била таа која го пренела вирусот на сопствениците или дека било кое друго домашно животно е способно за тоа.

Во април, годинава, во Зоолошката градина во Њујорк, беше потврден првиот случај на коронавирус кај тигар стар четири години…

Кристин Мидлемис, службеник за ветеринарство, објасни дека ова е многу редок случај и дека животните досега биле тестирани со многу блага клиничка слика и се опоравиле за неколку дена.

Директорката на Центарот за јавно здравје во Англија, Ивон Дојл вели дека ова откритие не треба да биде причина за тревога.

„Во редот на препораките во борбата против коронавирусот, рацете треба редовно да се мијат, вклучително и пред и по контакт со животни“, рече таа.

Од страна на локален ветеринар, на мачката првично и бил дијагностициран фетален херпес, респираторна инфекција, но како дел од истражувањето на Агенцијата за здравје на животни и растенија, оваа мачка била тестирана и за КОВИД-19.

Слични случаи се забележани порано во Хонг Конг, Белгија, Франција, Германија, Швајцарија, Шпанија и САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Руската вакцина против вирусот „Ковид-19“, направена од центарот „Гамалеј“, ќе биде регистрирана на 12 август, а таа ќе биде прва што ќе ја примат медицински работници и постари жители на земјата, рече денес рускиот заменик министер за здравство Олег Гриднев.

Руската вакцина против корона ќе биде регистрирана на 12 август!

Русите ќе ја регистрираат вакцината против вирусот корона на 12 август: Последната...

Арапските медиуми денес објавија дека сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаб исто така се повредени во страотната експлозија.

ОФИЦИЈАЛНО УТВРДЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТ: Целиот град во рушевини, болниците преполни!

Моќна експлозија избувна вчера попладнето во близина на пристаништето во Бејрут, најнаселениот...

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против...

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени...