Мицкоски вети дека новата влада веднаш ќе стави крај на злоупотребите, ќе го провери потеклото на имотот на политичарите без оглед на тоа кој е и од каде е.

Објавил: Македонка Димкин | 21 октомври, 2019 10:23

Машинеријата на Заев пуштена на најјако: Тој водел пред ВМРО?

Фото/Текст извор: ©а1

Премиерот Заев вчера после лидерската средба рече дека предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година. 

Владата даде предлог за 22 или 29 декември да се оди на избори, меѓутоа на тоа реагираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и побараа друг термин, во март или април.

„СДСМ наспроти ВМРО ДПМНЕ води. Водиме со 3% поени, тоа го објавивме јавно и транспарентно преку кредибилни агенции кои што го направија тоа, секако крајот на октомври почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета, за да измериме како после одлуката како стоиме, но сите овие политички партии позади нас носат гласови, имаат свој кредибилитет, имаат своја програма имаат свој дел за кои што се залагаат за своите гласачи, кој што ме става мене како претседател на најголемата политичка партија во оваа коалиција во фаворитска состојба заедно со партнерите, на крајот граѓаните одлучуваат на изборите.

Јас знам дека наредниот период до крајот на октомври ќе можевме да ги реализираме сите мерки коишто ни беа предвидени во програмата, ќе се потрудиме најголем дел од тие да ги реализираме до април месец заради тоа што веќе се објавени мерките и за раст на платите, пензиите и за лекарите и за капиталните инвестиции што се реализираат во државата, еколошките проекти се отворени, квотите се укинати, донесен е законот за основното образование, до крајот на годината за средно образование, верувам дека можеме до тогаш да отпочнеме и со Клиничкиот центар изградбата да се движи, да почне нешто во постапката, се градат големи енергетски проекти, плановите може да ги исполниме во најголем дел, иако знаете дека ни беа ускратени 6 месеци од мандатот. Јас сум претседател на владата 2 години 4 месеци и 20 дена, и успесите се големи, ако правите паралела со 11-те години на ВМРО ДПМНЕ, со она што денес е постигнато, слушнете ги само европските лидери што зборуваат, прашајте ги граѓаните како зборуваат, секако не може сите да се задоволни не сме ниту ние безгрешни, но со сите свои грешки успехот е голем“, одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев за рејтингот на партијата со оглед дека се правени внатрешни анкети во партијата.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак  после лидерската средба, за медиумите рече дека на предвремените избори ќе победи обновата на Македонија.

Мицкоски вети дека новата влада веднаш ќе стави крај на злоупотребите, ќе го провери потеклото на имотот на политичарите без оглед на тоа кој е и од каде е.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Героски со апел до обвинителството: Изјаснете се за случајот или јас ќе ја известам јавноста!

Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО...