Таа веднаш го однела детето на преглед во болница, каде биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 ноември, 2019 9:55

МАЈКАТА БИЛА ШОКИРАНА : Го однела детето во болница на преглед, откако видела дека дадилката го тепа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера ја здогледала видео снимката мајката на детето кое дадилката го тепаше во скопско кафуле останала шокирана.

Таа веднаш го однела детето на преглед во болница, каде биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Мајката на детето не можла да поверува што се случило. Веднаш го однела детето на преглед.

Откако на социјалните мрежи на официјалната страна на скопското кафуле „Дежа ву“ беше објавено видеото која се гледа како жена, за која се докажа дека е ангажирана да чува три деца како негувателка, тепа едно од децата јавноста беше згрозена.

По инцидентот, мајката се заблагодарила на персоналот на ресторанот и им кажала дека од видеото видела дека се работи за нејзините три деца.

Видно вознемирена од случката раскажала дека сопругот и работи во странство, а додека таа е на работа, ја ангажирала жената за да ги чува децата.

Инаку денеска кривичен суд за ТВ21 демантира дека за дадилката која го тепаше детето е изречена било каква мерка бидејќи таа воопшто не била процесуирана кај нив.

Јавноста е згрозена откако се појави видео снимка на која се гледа како жена, која е ангажирана да чува деца како бејбиситерка, тепа мало дете. Настанот се случил денеска во игротека во кафе барот „Дежа ву“.

Дадилката беше приведена вчера попладне во ПС Аеродром.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести