Забава
Интересно
Деновиве семејството Ражнатовиќ е топ тема во медиумите поради коронавирусот. Имено Цеца и Вељко се позитивни на Ковид 19 а Анастасија по се изгледа не сака да мирува па и покрај тоа што е можен пренесувач на вирусот таа ужива во дискотеките во Нови Сад каде живее со своето момче.

Анастасија по негатвниот тест за корона реши да ги продолжи своите излегувања и на својот Инстаграм профил сподели фотографија ноќното излегување под кое напиша дека се заљубила во својот фустан.
Имено, семејството Ражнатовиќ по радосната вест и раѓањето на новиот член во семејството направи мекици на кои присуствуваа многу познати личности. Во домот во вилата во Дедиње првиот ден се организираше прославата, а другиот ден во домот на Богдана во Тител.
Познатиот фризер на Цеца исто така е заболен од коронавирус, а српските медиуми откриваат дека дури десетина потенцијални гости и познати личности кои се тестирале и би можеле да бидат заразени.
Водителката Душица Јаковлевиќ сè уште не демантирала ниту потврдила дека го има вирусот корона, иако со денови се шпекулира дека е позитивна, па вестите одекнаа во јавноста како бомба по што се смета дека таа била онаа која го заразила семејството Ражнатовиќ.
Цеца Ражнатовиќ се огласи на социјалните мрежи пред неколку дена и потврди дека има корона, исто како и нејзиниот син Вељко. Фризерот на Цеца и Анастасија, Стеван Радивојевиќ, исто така, потврди дека е позитивен на вирусот.
Александра Пријовиќ, која беше на забавата на Ражнатовиќ, откри дека е негативна на корона па синоќа се појави пред белградската публика на настап во еден клуб. Жика Јакшиќ, продуцентот на „Гранд“, потврди дека е негативен на вирусот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Интересно
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.