Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Објавил: Мате Парлоф | 7 септември, 2023 17:33

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Фото/Текст извор: ©fokus

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија, Нехат Нухи  во систем, поточно во медицинска историја најпрвин се водела како онколошки пациент, за што објави Фокус уште пред неколку недели во серијалот текстови во неделникот „Фокус“.

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Таа не боледувала од никаков вид на карцином, иако во историјата пишува дека „имала“ рак на бели дробови, ниту пак примала онколошка терапија.

Тогаш, останува нејасно која е причината зошто била заведена со ваква страшна дијагноза?

Нухи пред неколку недели во редакцијата на „Фокус“ донесе демант, тврдејќи дека тоа не е точно и дека неговата мајка за време на ковид пандемијата била на клиниката, но не боледувала од карцином.

На најгруб и најнеетичен начин за било каква пресметка, ја мешате и споменувате и мојата мајка, наведувајќи дека сум и измислил некаква онколошка болест за да на нејзино име крадам и препродавам скапи лекови за онколошки болни, кое нешто не само што не е вистина, туку е и спротивно на традицијата на секое семејство во Македонија, кое никогаш не би се повикало на болест на член на семејство, за било каков интерес, па на крај и од суеверни причини, за да не повика злото!

Точно е дека мајка ми била неколку денови хоспитализирана на Клиниката за онкологија и радиотерапија, но не заради онколошка болест и лекување, туку заради немање капацитет во соодветна болница заради ковид кризата и пренатрупаноста во сите болнички капацитети на универзитетските клиники „Мајка Тереза“, се наведуваше во демантот од Нухи.

Тој вчера во интервју за телевизијата Клан рече дека овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Кантарионот е најдобро комбиниран со други чаеви за најдобро ослободување на непријатноста и болката.

Најлековит пијалок на светот: Го чисти црниот дроб, ги смирува стомачните проблеми, ги отстранува камењата во бубрезите(РЕЦЕПТ)

Чајот од кантарион се користи со децении во народната медицина. Лековитите својства...