Мајката е децидна, дадилката наместо само за Запуштање и малтретирање на дете, треба да одговара и за обид за убиство и бара најстрога казна.

Објавил: Перо Милчин | 24 ноември, 2019 15:37

Мајката на претепаното дете: Близначињата ги добив со ин витро – БАРАМ НАЈСТРОГА КАЗНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со години посакував да станам мајка, на крајот успеав, со ин-витро, но само јас знам низ каква голгота поминав, за на крај моите чеда да завршат тортурирани и малтретирани од жена монструм, која ја ангажирав преку агенција, раскажува за Алфа мајката на двегодишното дете, за малтретирањето кое е снимено со безбедносните камери на игротека. 

Таа за да ги чува децата земаше по 30.000 денари месечно, не можев да поверувам дека може да ги малтретира – вели мајката на претепаното дете.

Дадилката наместо само за Запуштање и малтретирање на дете, треба да одговара и за обид за убиство и бара најстрога казна.

– Ја гледав целосната снимка, во игротеката ми ја пуштија. Иако од болка и гнев не можев да ја догледам до крај, видов дека таа го гуши моето дете, ставајќи ја нејзината одвратна рака врз устата и носот на моето дете. Сакам да одговара за обид за убиство, а не само за запуштање и малтретирање. Моето дете не може да спие, постојано плаче – раскажува мајката.

Дадилката цела година се грижела за детето и за неговите две братчиња. Мајката вели дека имала сомнеж и дека често ја надгледувала без да знае дадилката, но никогаш со свои очи не се уверила дека жената која ја најмила грубо се однесувала со децата.

-Неколку пати забележував модринки и гребаници кај децата, ама таа секогаш имаше добри изговори. Ми велеше дека паднале, се изгребале, а јас бидејќи се три дечиња и постои веројатност меѓусебно да се изгребат играјќи си, слепо и верував. Се уверував сама себе оти дадилка за која од Агенцијата ми рекоа дека има лиценца, иако не ми ја прикажаа, има искуство.

Дадилката монструм која пред два дена претепа дете во игротека, ќе одговара за тешко кривично дело запуштање и малтретирање на дете од чл.201 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години затвор.

Откако камерите ја снимија дадилката Живка. П, како го малтретира и тепа едно од дечињата кои се на престој во игротеката Дежаву, во Скопје, полицијата ја приведе дадилката заради нејзиното агресивно однесување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...