недела, 19 јануари 2020

MK/ EN/ DE



Инаку оваа сезона фудбалерот има постигнато пет гола и една асистенција на 8 натпревари од италијанското првенство. До сега пет пати ја однесе „Златната топка“ и само неговиот ривал Лионел Меси – може да се пофали со вакво достигнување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 ноември, 2019 15:43

Мајката на Роналдо: Фудбалската мафија спречи мојот син да добие повеќе „Златни топки“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мајката на најголемата фудбалска ѕвезда и миленикот на женската публика кој воедно е и идол на многумина Кристијано Роналдо, во изјава за „АС“ истакна дека фудбалската мафија не допуштила нејзиниот син да добие повеќе златни топки.

 Фудбалската мафија го спречи Кристијано Роналдо да добие уште неколку „Златни топки“. Да не беше фудбалската мафија, мојот син ќе имаше повеќе. Ако тој беше Шпанец или Англичанец, тие немаше да постапат така. Ова е затоа што Кристијано е Португалец. Не знам дали тој ќе ја добие „Златната топка“ оваа година, но верувам во тоа, Долорес Авеиро.

Роналдо ја започнал својата кариера како младински играч за Андориња, каде што тој играл две години, пред да се пресели на Национал. Во 1997 година, тој направил трансфер во португалскиот гигант Спортинг.

Инаку оваа сезона фудбалерот има постигнато пет гола и една асистенција на 8 натпревари од италијанското првенство. До сега пет пати ја однесе „Златната топка“ и само неговиот ривал Лионел Меси – може да се пофали со вакво достигнување.

Минатата година наградата му беше доделена на играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ.

Kристијано Роналдо Дос Сантос Авиеро е роден на 5 февруари 1985 во Фуншал — португалски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на португалската репрезентација.

Името Кристијано се должи на христијанската вера на мајката, додека второто име, Роналдо, го добил во чест на Роналд Реган, омилен актер на таткото и претседател на САД во тоа време.[5][6] Кристијано има еден постар брат Уго (роден 1975), и две сестри, Елма (родена 1974) и Лилијана Катија (родена 1976).

Во јули 2010 година Роналдо станал татко на своето прво дете, но одлучил да не го открие името на мајката и да го преземе ексклузивниот надзор врз детето.Во јануари 2015 година, Роналдо објавил дека неговата петгодишни врска со рускиот модел Ирина Шајк завршила. На 8 јуни 2017 година, тој станал татко на близнаци, момче и девојче, родени од сурогат мајка. На 12 ноември 2017 година, се родила и ќерката Алана Мартина, од страна на Георгина Родригес, неговата партнерка од 2016 година.

Во 2016 година, во неговиот роден град Фуншал бил отворен музеј кој целосно е посветен на неговата кариера.

Тој е заштитно лице на различни компании, вклучувајќи ги и Clear, Џорџо Армани и Најк. Тој, исто така, се појавил и на насловната страна на неколку видео-игри како PES 2008, PES 2012, PES 2013 и FIFA 18. Во септември 2015 го претставил својот парфем наречен Cristiano Ronaldo Legacy.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

24-годишниот фудбалер на Карик Ренџерс во Северна Ирска починал синоќа најверојатно од срцев удар.

СВЕТОТ ТАГУВА: Познат фудбалер почина во сон – сезонава играл во најдобрата форма во својата кариера

Тага во светот на фудбалот, почина младиот фудбалер Џери Томпсон. 24-годишниот фудбалер...

Тоа значи дека руското знаме и химната нема да бидат дозволени на настани како што се Олимписките игри во Токио 2020, но и на Светското првенство во фудбал 2022 година во Катар.

СКАНДАЛ: Русија суспендирана, нема право на настап на светското првенство во фудбал 2022!

Светската антидопинг агенција (ВАДА) изрече драстична казна за сите руски спортисти....