На ден 30.06 со почеток од 11 часот, кај Мото центарот на влезот од Везинбегово, се организира мото собир во чест на убиеното момче Пино Секондо.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 10:48

Мајката од Пино преку МАГАЗИН повикува: „На 30.06 АУТО СОБИР во чест на убиениот син Пино„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Мајката на убиеното момче Пино Секондо, госпоѓа Маја Трпковска ја извести ексклузивно нашата редакција на Магазин, дека на ден 30.06 (недела) со почеток во 11 часот, кај мотоцентарот на влезот од Визбегово, другарите од Пино ќе организираат ауто собир во негова чест.

На овој собир ќе му се оддаде почит на прерано згаснатиот живот на младото момче Пино, кое беше ѕверски убиено од монструмите Ангела Ѓоргиевска и Али Фуркан кој моментално е во бегство.

Со овој АВТОМОБИЛСКИ СОБИР кој ќе се одржи на ден 30.06 (недела) со почеток во 11 часот кај Мотоцентарот во Скопје се замолуваат сите љубители на спортски автомобили да присуствуваат на настанот, кој од срце е организиран од пријателите на Пино. Автомобилот од Пино ќе го вози неговата мајка.

Омилениот автомобил Хонда Цивих на момчето Пино Секондо. Ги повикуваме љубителите на спортски автомобили на ден 30.06 со почеток во 11 часот да земат учество на Мото собирот и на тој начин да му оддадат почит на Пино.

Како што ни објасни мајката на Пино Секондо , тој беше момче со широка насмевка, голем емотивец и пред се добар човек кој секогаш им излегуваше во пресрет на луѓето.

Пино беше голем љубител на спортски коли, во слободно време тој секогаш поправаше автомобили, ги реновираше и сакаше брзо возење, вели неговата мајка Маја Трпковска за нашиот портал Магазин. Неговата насмевка никој повеќе не може да ја врати, спомените ќе останат, а Пино секогаш ќе не боли во срцето, со емотивен глас раскажува Маја.

Воедно на 24.06 во 09 часот на утро мајката од Пино, ќе одржи средба со Јавниот обвинител за како што вели таа да се забрза процесот за предавањето на телото од Пино на неговото семејството.

Госпоѓа Маја Трпковска достави до нашата редакција приватна фотографија заедно со сопругот и помалиот син. Оваа фотографија е настаната на прославата на 18 -тиот роденден за нејзиниот помал син, кој моментално се наоѓа во Италија.

Маја Трпковска не информира дека голем број пријатели од Италија, семејството, пријателите и други граѓани кој го почитуваа животот и делото на Пино, сакаат за последен пат да се поздрават и оддадат почит на убиеното момче, кој пред неколку недели беше пронајден во атарот на село Љуботен. За погребот дополнително ќе бидат известени медиумите.

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM.

Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица , роднини на првопријавениот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести