-Уште не разговаравме за мотивот, љубомора, не би знаела друго зошто, рече Трпковска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јуни, 2019 16:04

МАЈКАТА ОД ПИНО СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ: „Секторот за исчезнати лица ми спуштаа слушалка„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино, денеска беше повикана на распит во обвинителството во Скопје. Во изјава за медиумите, Трпковска додаде дека досега немала добро искуство со припадниците на полицијата, велејќи дека и спуштале слушалка и и го блокирале телефонот кога ги барала за информации.

Мајката на убиениот Пино, Маја Трпковска денеска беше во обвинителството, во изјава за медиумите рече дека ќе се бори за доживотна казна за убијците на Пино и дека тие не треба да излезат од затвор никогаш.

Убиениот Пино на 11 декември 2018 година беше пријавен како исчезнат од страна на неговата мајка. На 29 април оваа година, човек пријавил во полиција дека на место викано Башинец, пронајден е човечки скелет кој бил затрпан со камења. Еден месец покасно, полицијата се изјасни дека го утврдиле идентитетот на Пино.

Мајката на убиениот Пино, изјави дека дека е задоволна од секторот за крвни деликти при МВР, но дека е премногу разочарана од секторот за исчезнати лица.

Според мене не треба ни да постојат, не се професионални. Како можеа овие од крвни деликти за неколку дена се да откријат. Уште тогаш на вработените во секторот за исчезнати им реков, видете ја локацијата на телефонот. Земаат државна плата, а се неспособни да работат. Ангела кога ја ставија на полиграф ми велеа „девојчето е мирно“. Се виде колку е мирно – изјави Маја Трпкоска.

-Ќе се борам за доживотна казна, тие не треба да излезат веќе никогаш од затвор. Како може човечки ум, нарочито на девојка од 22 години, да размислува така, да убие свој другар и шест месеци да си нема гајле, да си спие, да си шета. Тоа е нечовечки, таа е монструм. Среќа што не постои во Европа смртна казна, да бевме во Америка ќе добиеше смртна казна – се изјасни Трпковска денеска, откако даде исказ во Јавното обвинителство во Скопје.

Погледнете го целото интервју од мајката на убиениот Пино.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Зошто Орце Камчев цела година откако почнал рекетот, а десет месеци откако го дал исказот пред Вилма Русковска, дури сега го споменува името на обвинетлката Лиле Стефанова, инаку надлежен обвинител во случајот „Империја“?

Како ЛИЛЕ СТЕФАНОВА стана МЕТА на Орце Камчев?

Инфомакс прашува зошто обвинителката Лиле Стефановска стана мета на бизнисетнот Орце...

Премиерот з амедиумите истакна дека оваа власт покрај инвестирањето во нови градинки, исто така се вложува и во луѓето кои ги обликуваат идните генерации.

Премиерот Заев отвори градинка во родното Муртино

Премиерот Зоран заев вчера отвори градинка во родното Муртино. Тој истакна дека за...