Д-р Џон Р. Ватрет летал на релација од Лос Анџелес до Атланта. Во текот на летот дознал една многу интересна информација, дека пилотите кој го возеле авионот биле жени.
Д-р Џон Р. Ватрет изјави дека ова не е само единствената важна работа која му била интересна и забавна, туку дека станувало збор за мајка и ќерка.
Пилотката е Венди Рексон, а на позицијата копилотка е нејзината ќерка Кели Рексон.
На социјалните мрежи тој објавил фотографија од пилотите мајка и ќерка и напишал:
„Само што летав со екипаж мајка и ќерка, на Делта од ЛА до Атланта. Неверојатно!“, напишал Џон над фотографијата.
Џон Р. Батрет е канцеларот на Кампусот на воздухопловниот универзитет Ембри Ридл, никако не можел да остане рамнодушен и решил да ги запознае двете прекрасни жени, кои се пилотки за авио-компанијата Делта.
Батрет влегол во авио кабината на пилотите ги фотографирал мајката и ќерката, а потоа истата слика ја објавил на Твитер, по што таа веднаш станала најпопуларна фотографија на сите социјални мрежи.
Покасно се открило и дека втората ќерка на Венди исто така е пилотка, како и сопругот на Венди и таткото на двете прекрасни девојки.
Луѓето се воодушевени од ова семејство и многу од нив посакале да ги запознаат и да им ги раскажат нивните пилотски искуства како мајка и ќерка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.