Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Објавил: admin@magazin | 18 декември, 2022 11:37

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин на улицата. Возачот воопшто не запрел туку продолжил да вози со голема брзина и избегал

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Според првичните сознанија на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, детето заедно со мајката се наоѓале на крајот од пешачки премин за да се качат на тротоарот кога наишол автомобил со голема брзина и удрил во нив. Возачот воопшто не запрел туку продолжил да вози брзо и избегал.

„Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето ’Васил Главинов‘ и од здобиените повреди починало“, соопшти ОЈО Велес.

Увид на местото на несреќата направил дежурен обвинител, подигнал траги од лице место, разговарал со очевидци и издал наредба да се направи обдукција на девојчето. По возачот се трага.

„По добиени сознанија за возилото и возачот – причинител на сообраќајната несреќа, СВР Велес по насоки на јавниот обвинител презема мерки за негово пронаоѓање“, соопштија од велешкото обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...