Уапсена е дури во вторникот, речиси година дена по смртта на бебето, а кога ја извеле пред суд и кога видела дека тука се медиумите пред камерите покажала среден прст.

Објавил: Валерија Петрова | 23 септември, 2019 18:52

МАЈКА МОНСТРУМ: На својата едногодишна ќерка и мачкала хероин на непцата за полесно да заспие и тоа не е се …

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

33-годишната Кимберли Нелиган  од американската сојузна држава Мејн е уапсена под сомнение дека ја убила својата едногодишна ќеркичка така што непцата и ги мачкала со хероин за полесно да заспие!

Нелиган најмалку 15 пати во текот на два месеци и ги мачкала непцата со дрога се додека малечката не умрела на 10. ноември 2018 година.

Уапсена е дури во вторникот, речиси година дена по смртта на бебето, а кога ја извеле пред суд и кога видела дека тука се медиумите пред камерите покажала среден прст.

Обдукцијата на бебето покажала дека таа починала од преголема доза на фенталин, лек против болки за кој експертите велат дека е 100 пати појак од морфиумот, а 50 пати од хероинот. Илегално често се меша со хероин за да го зголеми еуфоричниот ефект кај корисниците.

Нелиган негирала дека на бебето му давала хероин при првото испитување, но под упорно испрашување на детективот се скршила и признала дека го правела тоа. Дури и се бунела зошто ја напаѓаат кога тоа им го правела и на постарите деца и не им било ништо!

Нејзиниот сопруг сведочел дека видел како со нешто ги трие непцата на бебето за полесно да заспие, но на крај памет не му текнало дека тоа може да биде хероин.

Против неа може да биде покренато обвинение за кривично дело за загрозување на дете и поседување на дрога, но медиумите наведуваат дека ќе биде обвинета и за потешки дела кога истрагата ќе заврши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Свет

Огромна и неизмерна загуба е за спортскиот свет, а смртта на легендарниот кошаркар го потресе и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше негов близок пријател.

Ѓоковиќ и Коби беа најдобри пријатели: Еве што изјави Новак, еден ден пред смртта на Брајант!

Целиот свет жали и е во неверување поради трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари...

ТМЗ кој прв ја објави трагичната вест, веднаш потоа извести дека во несреќата загинала и ќерката на Коби Брајант а потоа информацијата ја потврдија и светските медиуми.

ТРАГЕДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОГОЛЕМА- Со Коби Брајант загина и неговата ќерка(13)

Меѓу загинатите во хеликоптерската несреќа во која загина познатиот кошаркар Коби...

Патничкиот авион во Техеран бил принуден да се врати на аеродромот во Горган во северен Иран, бидејќи еден од неговите мотори се запалил веднаш по полетувањето.

Несреќа во Иран: Се запали патнички авион веднаш по полетувањето

Авионот што полетал од аеродром од северен Ирак, се запалил веднаш по полетувањето. Патничкиот...

Бил Гејтс пред една година на конференцијата организирана од медицинската заедница во Масачусетс, рече дека на светот му се заканува епидемија од која животот ќе го загубат околу 33 милиони луѓе и тоа за само 6 месеци.

Бил Гејтс пред една година предупреди за вирусот во Кина- за кратко време може да умрат 33 милиони луѓе

Пред една година американскиот бизнисмен и микрокомпјутерски пионер Бил Гејтс ја...