
Свет
Србија
Мајка монструм од Србија си го убила своето новороденче, Балканот во шок поради немилосрдноста на оваа жена.
29-Јелена В. од Ваљњво, Србија е осомничена дека со голи раце го убила нејзиното штотуку родено бебе. Србинката вчера со обилно крварење била примена во болница, по што лекарите брзо констатирале дека штотуку се породила.
Докторите веднаш повикале полиција, мајката прво не откривала каде се наоѓа новороденчето, па по укажаната лекарска помош на жената и бил одреден 48 часовен притво поради кривично дело убиство на дете при раѓање.
Српските медиуми пишуваат дела жената била мајка на две деца, а нејзиниот сопруг ја однел во болницата во Ваљево по обилното крварење.
Телото на нејзиното бебе било пронајдено во полскиот тоалет во семејниот двор.
Во полскиот тоалет прво била најдена постелнина и траги од обилно крварење. Потоа е пронајдено мртвото бебе замотано во елек, рекол извор за медиумот.
Полицијата се сомнева дека таа со голи раце го задавила штотуку родениот син, го замотала во елек, па го фрлила во тоалетот. Според изворот, не се исклучува можноста дека дошло до насилно пораѓање.
Осомничената прво не сакала да зборува за настанот, а потоа тврдела дека имала спонтан абортус.
Што навистина се случило ќе се дознае по истрагата, но и по сослушувањето на нејзиниот сопруг, додал изворот.
Соседите биле во шок и кажале оти не знаеле дека осомничената била бремена.
Застрашувачки е што ваков случај не е прв во Србија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.