Светот се згрози откако одекна веста за мајката од Укараина која своите родени деца ги оставила дури 11 дена без храна и вода, за жал синот починал од изгласнување. И сето тоа го направила за да помине време со својот љубовник и нивното дете.
Корисниците на Интернет се чудат како може една мајка да го направи ова на своите родени деца, што натрагично од се, како што објавија тамошните медиуми што таа не покажала никакво каење
23-годишната Владислава Трохимчук од Киев не покажа каење во текот на судењето, а дури и се смеела кога ја осудија на 8 години затвор, зошто намерно ги изгладнувала децата и поради убиство на синот Даниел.
Нејзината ќерка Ана (3) успеа да преживее така што пиела вода од вазната, но девојчето страдало од хронична неухранетост.
https://www.youtube.com/watch?v=Ru-T2935Xbg
Соба на стравот во која децата умирала од глад
Децата не можеле да ја напуштат својата соба, зошто под вратата се наоѓал пешкир.
Децата така гладувале 11 дена, а за тоа време ги јаделе тапетите, гипсот и сопствениот измет. На ѕидовите се пронајдени траги од заби, а тие очајно се обидувале да го тргнат линолеумот од подот за да ја отворат празнината под вратата.
Децата со запчињата ги стругале ѕидовите и ги јаделе своите фекалии
Поранешната свекрва на Владислава се обидела да влезе во станот но немал клуч, вели нејзиниот поранешен маж Алексај Трохимчук, татко на децата.
Неговата мајка ги пронашла децата 11 дена подоцна. Во полиција рекла дека дошла кај децата да донесе јадење и играчки.
Во фрижидерот имало нешто храна, но децата не можеле да излезат од собата.
„Ана лежеше на креветот и спиеше. Ја разбудив, и дадов сирење и банана, па ја држев во прегратка. Тогаш се личеше како во страшен кошмар. Не разбирам како се случило тоа“, вели таа.
Владислава имала намера да ги изгладне своите деца, па потоа нивните слики да ги објави на социјалните мрежи. Сакала да го лаже народот дека децата имаат тумор опасен по живот, за да собере пари за нивно наводно лекување, изнесено е на судењето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.