Новинарката по катастрофалниот земјотрес останала без својот дом па немајќи друга опција морала да известува од урнатините со бебето во своите раце.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 15:14

МАЈКА ХЕРОЈ: Новинарка додека известувала во живо 60 часа во „куфер“ го носела своето бебе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Клодијана Хакај, од Драч е албанската новинарка херој за која пишуваат тамошните медиуми. Таа без страв поминала поминала 60 часа на терен но она што ја прави незаменлива мајка е тоа што со неа го носела и нејзиното тримесечно бебе.

Новинарката по катастрофалниот земјотрес останала без својот дом па немајќи друга опција морала да известува од урнатините со бебето во своите раце.

Цели 60 часа без престан новинарката била на терен а со себе носела  „куфер”, во кој било нејзиното дете.

Нејзиниот стан е целосно уништен, ѕидовите попукале, плафонот паднал, вратите и прозорците се урнати.

Земјотресот кој ја погоди Албанија во вторникот беше најсилен земјотрес почувстван во земјата во последните 30 години. 

Инаку денеска албанското министерство за одбрана на својата официјална веб страна ги објави имињата на 46 те лица кои трагично загинаа по земјотресот кој ја погоди Албанија во вторникот.

Во соопштението од министерството стои дека списокот е потврден од албанската полиција.

Денеска исто така медиумите објавија дека е завршена потрагата по евентуално затрупани лица во населбата Туман, која беше најпогодена од земјотресот со јачина од 6,4 степени, а беше објавено и дека конечно се смирува тлото на Албанија.

Но во Драч се уште продолжува потрагата по 33-годишно лице кое беше извлечено живо од под урнатините на еден хотел, додека трае потрагата по уште едно лице кое се наоѓа исто така под урнатините на хотелот.

Состојбата на лицата кои што останаа без своите домови е влошена поради обилните дождови коишто ја зафатија Албанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Прво соопштија немало знаци на насилство, доволно да му се даде време да избега убиецот

Обвинителот Бубевски за убиството на Тот: Немаше намера за прикривање, збрката настана поради лоша медицинска проценка

Сè уште се трага по човекот кој прв го удрил ракометарот, вели шефот на Основното јавно...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста синоќа по повеќечасовната седница на Советот за национална безбедност.

Вучиќ: Ни спремаат замка нарекувајќи нè руски слуги

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста синоќа по повеќечасовната...