
Свет
Балкан
Албанскиот министер за дијаспора Пандели Мајко им порача на граѓаните на Косово дека од 1 јануари 2019 година меѓу Косово и Албанија нема да има граница.
Мајко кој синоќа во градот Скендерај во централно Косово присуствуваше на манифестација посветена на косовската дијаспора – рече дека албанскиот премиер Еди Рама веќе има донесено таква одлука:
“Границата меѓу Албанија и Косово треба да се отвори и премиерот ми рече дека одлуката веќе ја донел и дека од 1 јануари започнува слободното движење меѓу Албанија и Косово.” – истакна Мајко а неговата изјава беше дочекана бурни овации и ракоплескање.
На манифестацијата во Скендерај – присуствуваа и премиерот на Косово Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи – но – како што јавија косовските медиуми – ниту еден од нив не ја коментира информацијата што ја објави поранешниот албански премиер и министер за одбрана а сега министер за дијаспора – Пандели Мајко.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.