Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

Објавил: Сара Фемина | 15 мај, 2022 9:08

МАЈСКИ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Уште ПОТОПЛО во првите денови од новата недела!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што веќе најавивме денес претежно во западните предели ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи, заислен ветер, и тоа особено во поладневните часови.

Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

Услови за попладневна локална нестабилност ќе има и во првите денови од новата недела која што ни претстои.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидатМНОГУ ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и температурите во почетокот  неделата ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат и до околу 35 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови има услови за локална попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.

Пад на температурите на воздухот и засилен северен ветер се очекува во среда, и тоа поради продор на посвеж воздух од север.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Сепак утре и во четврток во попладневните и во вечерните часови на МНОГУ МЕСТА ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВНИМАВАЈТЕ: ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ ПРОДОЛЖУВААТ – НО ДОАЃА ГОЛЕМО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Многу високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и во следните денови...

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени.

МАКЕДОНИЈА ВО ОПАСНА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА И СЛЕДНАТА СЕДМИЦА!

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе...

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања.

ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН, МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

Голема промена на времето и тоа под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има во...