
Спорт
Тенис
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој вчера го освои својот 79 трофеј во својата кариера, денес пристигна од Дубаи во Белград.
Новак Ѓоковиќ денеска на аеродромот во Белград беше пречекан од многу навивачи, таткото Срѓан, мајката Дајана, братот Ѓорѓе и сопругата Јелена.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пети пат го освои турнирот во Дубаи, во моментов има 21 победа во низа, а од Обединетите Арапски Емирати порача: „Сакам да останам непоразен цела сезона“.
Факт е дека ова е тешко остварливо, особено што веќе е во поодминати години, но воедно не е невозможно кога е во прашање Ѓоковиќ.
Ова беше одлична недела за мене, која заврши со победа над Циципас. Никогаш не е лесно да се игра против него. И тој е во одлична серија, беше прилично тешко. Момент за пресврт беше првиот сет, истакна Србинот.Сакам да останам непоразен цела сезона, се шегувам, всушност не се шегувам! Зошто да не биде така. Имав добар старт годинава. Ќе се обидам да продолжам да победувам, да добивам што повеќе самодоверба, додаде Ноле.
Турнирот во Дубаи од 500 серии се играше за награден фонд од 2.794.840 долари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.