Полицискиот службеник нема обврска да издаде записник доколку проверката не покажува прекршок!

Објавил: Владо Марин | 3 јули, 2021 20:20

МВР: Апасиев нема пратенички имунитет за полициска контрола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за внатрешни реакции со реакција вели дека пратеникот Димитар Апасиев нема имунитет во случај кога полицаец го сопрел неговото возило и сакал да му го пребара, за како што претходно рече пратеникот, да не има евентуално недозволени супстанци во истото.

Полицискиот службеник нема обврска да издаде записник доколку проверката не покажува прекршок. Јавните функционери избрани како народни претставници треба да се првиот пример за граѓаните и да ги почитуваат законите, наместо да злоупотребуваат пратенички имунитет и да се повикуваат на привилегијата која им ја гарантира функцијата.

Униформиран полициски службеник при редовно вршење на своите работни задачи, побарал да изврши контрола при управување на патничко возило, во случајот со употреба на дрегер.

Како и секој граѓанин, и пратеникот доколку смета дека полицискиот службеник ги пречекорил овластувањата може да пријави во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. МВР ќе продолжи неселективно ги врши сообраќајните контроли и да се бори за што побезбедни, се вели во реакцијата!

Фејсбук статус на Апасиев!

Ноќва возам накај Штип.
Ме запира ЏАНДАР, ваљда обучен на курс.
Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за “недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?

Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање “дување”!? Му викам, господине, ја “дување” никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).

Сфаќа дека ја укакал.
Дувам – алкохол 0.00.
Ми вика слободен си.
Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба, Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за “дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак!
Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони).

После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување.

Наравоучение: не се курчи, коа не знаеш право!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...