Претрес

Објавил: Калина Мартинска | 25 март, 2025 11:50

МВР влезе во кафе барот Класик сопственост на газдата на дискотеката на смртта од Кочани

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово врши претреси во кафе барот Класик кој е во сопственост на Дејан Јованов, газдата на дикотеката Пулс во Кочани во која на 16 март 2025 година во пожар загинаа 59 лиѓе, а околу 200 се повредени.

Освен во кафе барот Класик, кој ден по трагедијата во Кочани беше демолиран од страна на гневните, шокираните и ужалени граѓани, полицијата врши и претреси во подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани, соопштија од ОЈО.

„Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица“ стои во сооштението.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани што се случи на 16 март 2025 година загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 се повредени.

За случајот досега се осомничени 34 луѓе, а отворена е истрага против 27 од осомничените, против три фирми и против седум полицајци од СВР Штип и полициската станица Кочани.

Oсновниот суд Кочани одреди мерка 30 дена притвор за сите 24 лица за кои Основното јавно обвинителство бараше изрекување на мерката во рамки на истрагата за пожарот во кочанската дискотека Пулс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести