Допрва ќе се разгледува што ќе се преземе против нив, а тоа зависи и од доказите. Во МВР е формиран Оперативен штаб преку кој се следат протестите.

Објавил: Перо Милчин | 6 јули, 2022 16:00

МВР води истрага за насилните протести и за организаторите

Фото/Текст извор: ©канал 5/ магазин.мк

Повредени се 47 полициски службеници. 11 потешко, а двајца имаат сериозни повреди. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека вчера се приведени 11 лица, од кои двајца малолетници.

Допрва ќе се разгледува што ќе се преземе против нив, а тоа зависи и од доказите. Во МВР е формиран Оперативен штаб преку кој се следат протестите.

Спасовски вели дека полицијата има инфомации кој стои зад сониќешните инциденти и од која структура доаѓа, но не сакаше да открие детали бидејќи се води истрага. Вели, и за вечерва има сознанија за немири.

„Дури една група од тие коишто сакаат да демонстрираат подготвуваат и молотови коктели, коишто би биле наменети за зградите на виталните објекти и затоа сакам уште еднаш да апелирам да се откажат од таквата идеја. Нема да дозволиме во ниту еден случај да биде загрозен живот или витален објект. – Оваа група што ја споменавте доаѓа од политичка партија или навивачка група? – Реков, имате инфомации многу повеќе од мене и генерално и од јавноста, зашто тоа не е нешто што е тајна. Знаеме кои се организатори на протестите. Тоа е дел од истрагата и тука се работи, така што тие детали ќе бидат соопштени дополнително.“ Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски изјавата ја даде по посетата на двајцата полицајци кои се хоспитализирани на Клиниката за неврохирургија, кои имаат потрес на мозок. Тие ќе останат на болничко лекување за да се следи нивната здравствена состојба. Во болницата „8 Септември“, пак лекарска помош побарале 12 полицајци, кои биле нагмечени, а бидејќи имале лесни повредни се пуштени на домшано лекување. Спасовски го осуди насилството врз полицајците. Лиредот на Левица, Димитар Апасиев, пак обвинува дека на протестите имало провокатори со качулки, кои спред него, се од АНБ и застанале пред транспартент на Левица. Апасиев на „Фејсбук“ напиша дека не подпаднале на тие провокации.

Поради францускиот предлог се протестираше и пред МНР, како надлежна институција и се бараше оставка. Демонстранти маваа со разни предмети, меѓу кои јајца, боја, тоалетна хартија, шишиња, а беа запалени и факли… Тука немаше повредено полицајци, освен еден кој беше бојадисан.

Искршени стакла на прозорците и на вратите, избојадисана фасада е дешната слика на Министерството за надворешни работи.

Оштетена е и зградата на Собранието.

Ова искршено стакло, демолираната фасада се само дел од последиците по синоќешните протести пред Собранието кога демонстрантите маваа со различни предмети, меѓу кои и бекатон плочки во зградата на Собранието.

Оштетена е и внатрешноста на Собранието. Спикерот Талат Џафери на „Фејсбук“ објави видео од бифето, на кое се гледаат парчиња стакла, камења… Џафери вели дека поддржува право на протест, но осудува хулиганство, насилство и поттикнување на омраза.

Дел од тротоарот пред Собранието остана без бекатон плочките, бидјеќи токму со нив демонстрантите маваа во зградата. Целосно е оштетена и полициската куќарка. А, освен ова, во кругот на Собранието се оштетени неколку знаци и корпи за отпадоци. Денеска полициски службеници ја поправаа заштитаната ограда пред Собранието, која вчера беше пробиена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести