Од синдикатот бараат премиерот, Зоран Заев, да „замете“ и во МВР со цел правдата да биде задоволена, а зборот одржан.

Објавил: Перо Милчин | 15 јуни, 2019 17:13

МВР врши мобинг врз членовите на синдикатот и останати припадници на полицијата!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Дејан Саздов портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите на синдикатот и останати припадници на полицијата.

Саздов вели дека како синдикат сметаа дека власта лекциите за примерно и законито однесување ги научи и навистина ќе се почувствуваат позитивните промени, но од тоа ништо не се случи.

Тој обвини дека наместо промени, кон синдикатот продолжија притисоците и заканите за преместувања кои голем дел од нашите претставници ги осетија на својот грб, како и притисоци врз највисоките структури на НСП и срамна дискредитација на истите. Од премиерот бараат по доставување на доказите за незаконското работење на раководството на МВР, метлата да заигра и правдата да биде задоволена, а дадениот збор одржан.

 Се уште се водат неосновани постапки против наши претставници со притисоци од страна на највисоките структури. Исто така и притисоците за отчленување на членови од НСП не престануваат. Нашите претставници се соочуваат со невиден мобинг, почнувајќи од незаконски распределувања за внесување страв до безмилосен напад на професионалниот интегритет. Се демонстрираше моќ и способност за конструкции и фингирање на лоши слики ставајќи им етикети на професионалците кои ќе се спротистават на незаконското работење“, вели Саздов.

Од синдикатот бараат премиерот, Зоран Заев, да „замете“ и во МВР со цел правдата да биде задоволена, а зборот одржан. Тие исто така се надеваат дека трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство ќе се позанимава со овие прераспределување во полицијата.

Од премиерот бараме по доставување на доказите за незаконското работење на раководството на МВР, метлата да заигра и правдата да биде задоволена, а дадениот збор одржан. Одговорноста во највисокото раководство мора да ја има. Гласот да допре до сите надлежни институции посебно до Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство. Да се спроведе ревизија и истрага на сите досегашни решенија за прераспределување и унапредување во МВР донесени од страна на актуелното раководство, велат од Независниот синдикат на полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денот го посвети на војниците кои служат на мисиите во странство. Потсети дека од минатогодишната прослава, до денес се смениле многу работи во секторот одбрана.

ШЕЌЕРИНСКА: “Веќе ги одбројуваме деновите до полноправно членство во НАТО”

Зад нас е успешна година, а следната ќе биде уште поуспешна. Политичарите испратија...

Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана посветеност, професионалност и несебичниот ангажман за заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, се вели во честитката од Заев.

Заев го честита ДЕНОТ НА АРМИЈАТА: “Македонија ќе биде идната, 30-та членка на НАТО алијансата”

Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници и способност...

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата...