На дисциплинска постапка шест лица

Објавил: Калина Мартинска | 18 септември, 2024 10:38

МВР го разреши Наим Рамука од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за внатрешни работи го разреши началникот на Рeгионалниот центар за гранични работи Север, Наим Рамука поради скандалот со бегството на Блерим Рамадани кој се бараше за воени злосторства и за пропуштањето на свадбарите на Африм Гаши на „Блаце“.

За нов началник е поставена Маја Темелкова-Сотиров, долгогодишна вработена во МВР, а работела и на граничниот премин на скопскиот Аеродром и била главен инспектор за гранични проверки и граничен надзор.

Минатата недела МВР соопшти дека и против шест полициски службеници е поведена дисциплинска постапка за случајот со свадбарите на Гаши.

Дисциплинска постапка за шест полициски службеници, цивилни возила без контрола влегле во делегацијата на Гаши

„Откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин „Долно Блаце“ на лентата за излез број 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓупросторот на граничните премини ѝ се приклучуваат на делегацијата, при поминувањето на границата не била извршена контрола на патниците и возилата“, соопшти МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.