Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата.

Објавил: Македонка Димкин | 16 март, 2020 11:35

МВР затвори седум локали што не ја почитуваа мерката на Владата

Фото/Текст извор: ©архива / магазин

Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата.

Затворени се вкупно седум локали. Тие ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата. Не е позната колкава е казната што ќе мора да ја платат соптвениците, и какви се сакнциите кои доправа ги очекуваат.

Од друга страна дознаваме дека сума од 5 милиони евра преку Развојна банка на Македонија најверојатно ќе биде ставена на располагање на компаниите, како една од брзите мерки за справување со кризата од корона вирусот, дознава Телма.

Идејата е компаниите од најпогодените сектори да имаат пристап до кредити не поголеми од 50 илјади евра , со симболична каматна стапка. Сепак, со оглед дека земјата е во предизборие се бараат начини како да се овозможи реализација на мерката, со оглед дека се зависи од ставот на Антикорупциската комисија.

За споредба, Швајцарија спреми 10 милијарди швајцарски франци помош  за погодените фирми од корона вирусот, а Австрија 4 милијарди евра.

Македонската влада упати апел и до македонските државјани кои живеат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во нашата земја во овој период.

Владата го задолжи АД М-НАВ Скопје и Министерството за здравство да преземат активности за информирање на учесниците во авиосообраќајот, за мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

„Авиокомпаниите, преку својот персонал – екипаж се должни за време на своите летови да ги соберат PLF (Passenger Locator Form) обрасците од патниците, да ги разгледаат и да ги предадат на нивниот агент по пристигнувањето во Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.

Сите патници, членови на екипажот и оперативен персонал при пристигнувањето со авион во Република Северна Македонија мора да го пополнат PFL образецот. Сите PFL обрасци мора да бидат собрани од екипажот, проверени и преброени и да се предадат на агентот веднаш по слетувањето.

Овластениот агент од авиокомпанијата, е должен PLF обрасците од патниците, да ги достави до Служба за итна медицинска помош на воздухопловно пристаниште  Меѓународен Аеродром Скопје и до медицинска служба на Аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

„Авиокомпаниите, по претходно добиени информации од надлежните служби од Република Северна Македонија, задолжени за следење на мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), се должни пред да полетаат, да ги известат патниците за мерките на претпазливост кои се на сила при влегувањето во Република Северна Македонија, во согласност со моменталната состојба и со преземените мерки и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), предложени од Министерство за здравство“, се вели во владиното соопштение.

Авиокомпаниите треба да ги известат патниците кои влегуваат во нашата земја дека ќе бидат предмет на задолжителна 14 – дневна самоизолација, доколку истите патници потекнуваат или посетиле некоја од земјите со среден и висок ризик.

Покрај напоменатите земји со висок ризик, заклучно со 13 март, во групата на земји со среден ризик се вклучени: САД, Швајцарија, Јапонија, Данска, Холандија, Шведска, Велика Британија, Белгија, Австрија, Норвешка, Катар, Бахреин, Сингапур, Малезија, Австралија, Грција, Чешка, Канада, Кувајт, Израел, Обединети Арапски Емирати, Индија, Ирак, Тајланд, Египет, Либан, Сан Марино, Исланд, Словенија, Филипини и Бразил.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...