ОЈО работи на предистражна постапка по допрен глас

Објавил: admin@magazin | 26 јули, 2018 9:03

МВР и обвинителството влегоа во Фондот за иновации

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По налог на Обвинителството за организиран криминал во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој од вчера влезена е полицијата а во врска со последната одлука на институцијата за доделување неповратни средства од буџетот за македонските компании.

По објавите во дел од медиумите за можни евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.

Од обвинителството тогаш соопштија дека преземаат дејства за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.

Од ОЈО велат дека се работи за предистражна постапка и не можат да даваат повеќе информации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести