Возвраќа и Салиу

Објавил: Калина Мартинска | 11 април, 2024 18:16

МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска поднесе кривична пријава против новинарот и уредник на Портал „Икс“, Фуркан Салиу, за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Оттаму велат дека покрај за Салиу, до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кривична пријава за истото кривично дело е поднесена и против лице со иницијали Н.Ј.

„Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот за кој прашувате, на 11.04.2024 година од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело ‘спречување службено лице во вршење службено дејствие по член 382 од Кривичниот законик“, велат од МВР за „360 степени“.

Фуркан Салиу понатаму тврди не можат да докажат

За поднесената кривична пријава во меѓувреме се огласи и Салиу преку Фејсбук. Во објавата, тој пишува:

„Само што нè информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на Портал ‘Икс’ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат, меѓутоа најверојатно работата на Портал ‘Икс’ ќе биде оневозможена одреден период.“

Преку фејсбук-објавата Салиу, упати повик до сите релевантни институции и меѓународни организации добро да внимаваат, како што вели, како ќе се одвива целиот овој случај.

Инаку, новинарот Фуркан Салиу беше приведен на 7-ми април откако нападнал службено лице, а во неговото возило беше пронајден пиштол. По неколку часа во полициска станица беше ослободен.

Сите детали на следниот линк:

Тошковски до Салиу: Ќе ви се извинам, но тоа не го видов на камерите

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.