
Македонија
Сообраќај
Министерството за внатрешни работи регистрира седумстотини и еден прекршок во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Исто така на територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 339 санкции, меѓу кои 17 за возење без возачка дозвола , 140 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 14 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 33 за мотоциклисти.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се изречени и 63 санкции за непрописно паркирани возила, 50 возила подигнати од пајак службата (вкупно 113)!
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението на МВР.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.