– Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“.

Објавил: Весна Петровска | 26 јуни, 2019 18:36

МВР СО ДЕТАЛИ: Тешка сообраќајка кај Охрид

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот кај Охрид. МВР ги соопшти деталите за несреќата.

– Две лица, од кои едното малолетно се повредени во тешка сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со селото Куратица.СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила во 20:15 часот меѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (23) од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (22) од Охрид.

– Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“.

Тие биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската...

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...