„Медена земја“ исто така вечерва ја освои и наградата за најдобар документарец на Здружението на филмски критичари на Њујорк.

Објавил: Сара Фемина | 4 декември, 2019 22:37

„Медена земја“ го освои Њујорк: Документарецот најдобар филм за 2019 според „Њујорк Тајмс“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според “Њујорк Тајмс”документарниот филм „Медена земја“, на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е вброен меѓу најдобрите филмови на годината.

Официјалната македонска премиера на „Медена земја“ се одржа на 28 август 2019 година на затворањето на 10. издание на фестивалот за документарни филмови „Македокс“.

Истиот ден, во рамки на фестивалот, имаше проекција и во Младинскиот културен центар.
Почнувајќи од 29 август, пак, филмот се најде на редовниот репертоар во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“.

„Медена земја“ е на прво место според изборот на реномираниот критичар на „Њујорк тајмс“ А. О. Скот, кој во образложението вели:

„Зачнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од востановен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот, и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем сo терсене соседи“.

На листата на Скот, меѓу неговите топ 10 најдобри на годината се и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и корејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо.

„Медена земја“ вечерва ја освои и наградата за најдобар документарец на Здружението на филмски критичари на Њујорк.

Македонскиот документарен филм „Медена земја” ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија.

Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски.

Ана Дурловски во Женева: Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските...

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна.

Холивудската ѕвезда од Атиџе доби МЕД: Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“

Легендарната холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм се пофали дека...

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои...