По телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Русија испрати 60 тони медицинска опрема, вклучувајќи респиратори, маски и вентилатори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2020 10:45

МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ОД РУСИЈА ПРИСТИГНА ВО САД: Трамп призна- опремата е од врвен квалитет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Соединетите држави ќе и платат на Русија контингент за медицинска опрема за борба против ширењето на вирусот корона, изјави денеска висок функционер на администрацијата на Трамп, но не отстрани сомнеж за тоа кој ќе ги сноси трошоците за пратката во Москва.

По телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Русија испрати 60 тони медицинска опрема, вклучувајќи респиратори, маски и вентилатори.

Во оваа прилика, Трамп оцени дека руската опрема е со највисок квалитет и верува дека ќе спаси многу животи.

Рускиот претседател Владимир Путин понуди помош преку телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот, бидејќи двајцата лидери разговараа за тоа како најдобро да се одговори и да се заштити народот од епидемијата на корона вирусот.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека официјална Москва платила половина од цената на целиот контингент, а висок официјален претставник на Белата куќа, кој сакал да остане анонимен, изјави за Ројтерс дека Русија продала опрема по пониска цена од онаа на пазарот во Америка, не наведувајќи колку платил Вашингтон .

Инаку многумина за овој потег на Русија изјавија дека е историски момент. Имено САД И Русиај решија да остават на страна се и да се фокусираат на човечките животи.

Вчера министерството соопшти дека преку океанот прелетал авион Ан-124-100 Руслан кој пренесува медицинска заштитна опрема.

Инаку според сите прогнози на експертите се очекува бројот на заразени со корона вирус во Соединетите држави може да биде сто илјади, во најдобар случај, до 2,2 милиони луѓе, во најлош случај, според стручните документи објавени од прес-службата на Белата куќа во вторникот.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин понуди помош преку телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот, бидејќи двајцата лидери разговараа за тоа како најдобро да се одговори и да се заштити народот од епидемијата на корона вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Лансирањето од Кејп Канаверал го следеа претседателот и потпретседателот на САД, Доналд Трамп и Мајк Пенс.

Погледнете го забранетиот предизборен спот на Трамп: Еве кои правила ги прекршил (ВИДЕО)

Тимот надлежен за кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп сними видео...

Членови на семејството на Флојд пристигнаа на комеморацијата, а група луѓе се собраа пред северниот централен универзитет за да оддадат почит.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МИНЕАПОЛИС СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ ПАДНА НА КОЛЕНА ПРЕД КОВЧЕГОТ НА ФЛОЈД: Не можеше да ги сокрие емоциите!

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, клекна и плачеше покрај ковчегот на Џорџ...

Федералната полиција ја расчисти областа пред Белата куќа за да може американскиот претседател Доналд Трамп да оди по црквата „Свети Јован“, покрај седиштето на владата, за да се фотографира .

Игра на престолот во Вашингтон! Кој навистина има моќ, дали е ова малото кралство на Трамп?

Главниот град на САД не е дел од сојузната американска држава. Тие посебни околности,...

Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјави дека за време на обдукцијата е извршен ПСР тест и дека може да покаже позитивен резултат дури и неколку недели по инфекцијата и болестите, пренесува Си-Ен-Ен.

ШОК! Резултатите од обдукцијата на Флојд покажаа: Убиениот афроамериканец бил заболен од коронавирус!

Убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на вирусот корона, покажа државната...