Димоска својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот за уво грло и нос, работеше во невропсхијатрискиот оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести, информираат од Општата болница Охрид.

Објавил: Стојче Бушин | 26 септември, 2020 16:44

Медицинска сестра Дијана Димоска од Охрид која ја изгуби битката со Ковид-19: Им беше омилена на вработените и на пациентите

Фото/Текст извор: ©оhrid news

Медицинска сестра Дијана Димоска (48), работно ангажирана во Интерното одделение во Општата болница во Охрид, ја загуби битката со коронавирусот Ковид 19.

Димоска својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот за уво грло и нос, работеше во невропсхијатрискиот оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести, информираат од Општата болница Охрид.

Колективот од сојата вработена, која беше исклучително почитувана и сакана како од колегите, така и од пациентите, се прости на официјалната страна на Фејсбук.

Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас.

Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените.

Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања.

Со длабока почит,
Вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Општата болница Охрид, која е регионален ковид центар, во текот на летниот период беше под исклучително оптоварување, што поради пандемијата од коронавирусот, што поради зголемениот број на интервенции поради сообраќајни несреќи и други инциденти во текот на туристичкиот шпиц. И покрај тоа болницата успешно се носи со ситуацијата, вели директорот Др. Горан Балевски.

Болницата во ниту еден момент не беше кластер или извор на инфекции. Ова е сепак фреквентна болницаи каде проциркулирале огромен број Ковид позитивни пациенти. Само за илустрација во текот на месец август комјутерот во нашата болница направил 240 снимања, од што 40% беа позитивни пациенти. Се тоа не е едноставно да се изменаџира и опслужи. – вели Др. Балевски.

Во периодот кој следи се очекува зголемување на бројот на заболени од Ковид 19. Во Општата болница Охрид предвидена е изградба на монтажна модуларна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема. Се очекува таа да биде ставена во употреба до крајот на годината, но од болницата велат дека во координација со Општинскиот кризен штаб изготвени се повеќе сценарија кои предвидуваат адаптација на одредени одделенија за згрижување на пациенти позитивни на Ковид или суспектни пациенти, доколку дојде до поголем бран.

Модуларната болница ќе ја опслужува постојниот медицински персонал. Во ниеден момент нема да го оставиме градот без потребната здравствена грижа. – додава Др. Балески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите.

Познат штипски хирург почина од Ковид-19

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ на својот Фејсбук профил извести...

Неговите дела, неговата искрена верба во идеалите за подобра иднина, остануваат како трајни вредности за сегашните и идните генерации.

Летниот камп на СДММ ќе го носи името на починатиот Трајче Нешковски

Денеска на комеморативна седница беше оддадена почит на ликот и делото на прерано...

Цело време беше научен да се бори.
За државата, за слободата, за младите, а последниве месеци се бореше за да спаси човечки животи.

ЗБОГУМ ЗАСЕКОГАШ ТРАЈЧЕ: Секогаш ќе се водиме по твоите идеали – човек може да умре, но идеја и херој никогаш

Трајче имаше големо срце. Тој беше голем борец, отпораш, револуционер и слободар! Имав...

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук упати сочувство до фамилијата и пријателите на пулмологот!

Починатиот доктор Трајче и Ема беа во брак две години: Неговата ќеркичка Јована неодамна наполни две години- ТАА Е МОЈАТА ПРИНЦЕЗА(фото)

Пред два дена се случи тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Рузвелтова“...