Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на интерните клиники во Скопје каде што има неколку ковид-оддели, соопшти Министерството за здравство.

Објавил: Перо Милчин | 30 ноември, 2020 12:08

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против ковид-19!

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на интерните клиники во Скопје каде што има неколку ковид-оддели, соопшти Министерството за здравство.

Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид-пациенти.

Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пациенти во ковид-одделенијата“, се наведува во соопштението!

Во петокот Министерството за здравство преку Министерството за одбрана доби 10 000 брзи теста, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецов Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.