Живот
Рецепти
Познатиот мексикански специјалитет е секогаш популарен, особено затоа што во повеќето свои варијанти станува збор за брзо и вкусно јадење кое е многу лесно за подготовка.
Овие вкусни тортиљи се секогаш едноставни да се направат во секоја кујна.
Вкусни и едноставни за приготвување за вас и вашите пријатели.

Состојки:
Пилешки гради – 350 гр.
Чили сос – 200 гр.
Лук – 2 чешниња
Црвен кромид – 1
Доматен сос – 3 лажици
Зелена пиперка – 1
Жолта пиперка – 1
Шери домати – 4
Тортиљи – 6
Битолска кисела павлака – По вкус
Сончогледово масло – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Во тава ставете малку масло, додајте сос од чили пиперки, лук, кромид, малку доматен сос, на ленти исечкана пиперка и шери-домати. Зачинете и пржете на тивок оган.
Чекор 2:
Пилешкото месо исечкајте го на ленти и печете на фолија на скара. Кога месото ќе биде готово додајте го во претходно подготвениот сос.
Чекор 3:
Тортиљите загрејте ги на тивок оган во рерна, наполнете ги со филот и завиткајте ги во фолија. Така завиткани вратете ги во рерна на 2-3 минути на пониска температура.
Чекор 4:
Кога ќе ги извадите додадете во нив или од страна при сервирањето кисела павлака која одлично се надополнува со вкусот на сосот и пилешкото месо.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.