
Македонија
Правник
“Немаме намера да бидеме соучесници во амнестирањето на незаконитите постапки кои СЈО и обвинителката Катица Јанева ги превзеле спротивно на законските рокови, а за жал тоа е она на што инсистира министерката за правда, Рената Дескоска. Со покренувањето на обвиненија надвор од законскиот рок од 18 месеци СЈО сторило повреда на законот, загрозило нечии човекови права и себе си се ставило во улога на неовластен тужител. Мислам дека тоа намерно го направиле, иако имале и доволно време и доволно ресурси да постапат според утврдената временска рамка. Впрочем, доколку ги споредите буџетот и ресурсите на СЈО со редовните јавни обвинителства, ќе видите дека соодносот е 1:10 во корист на СЈО, кои потрошиле 15 милиони евра буџетски пари“, истакна за ТВ-Пресинг адвокатот Тони Менкиноски, адвокат работната група на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за законот за обвинителство.
Според Менкиноски, менеџирањето на целиот процес на преговори за овој важен закон, од страна на министерката Дескоска, е очајно, а самиот предлог закон е еден површен плагијат од хрватскиот закон за обвинителство. Министерката Дескоска во целиот процес очигледно е фокусирана само на потребите на СЈО и персоналните желби на Катица Јанева да и биде гарантирано дека ќе продолжи да биде венчана за функцијата специјален обвинител, со што ние не се согласуваме бидејќи е спротивно на сите демократски начела на еднаквост на секој обвинител во однос на мандатот, конкурирањето, изборот или реизборот на одредена позиција. И таа сервилност на СДСМ кон Катица Јанева се чита преку предложениот член 105 од законот за СЈО, со цел да не се стопираат предметите кои Јанева ги почна по 30 јуни 2017 година и кои се нелегални. Таков е случајот „Талир„ со кој е блокиран севкупниот имот на најголемата опозициска партија. Тој додава дека на државата и е потребна ефикасна борба со криминалот и корупцијата, како и темелна реформа на судството, односно на обвинителството кое ќе се потпира на меѓународната судска пракса, пред се на Советот на Европа и на ОН.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.