Мери Николова Буџаку која е една од најгласните граѓански активисти се огласи по вчерашните бомби на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Имено таа вели дек аго мрази Заев поради тоа што им давал пари на оние кои се бореле за него. Вели дека жената за која тој изразува пцовки, всушност мајката на бизнисменот Орце Камчев, е вистински ангел…
Во денешните пуштени снимки не ми се допаѓа како Заев вели “Мамето мамино ќе му го ебам на Орце”.
Прво таа жена која сакаш да ја е… е Анѓел, и можеш под прозор да и плукнеш. Нашиот другар Мете умре од стресови поради вас, и многу од вас му дојдовте на погреб. Зошто не му помогнавте додека беше жив, кога се разболе, ожени, кога им се роди ќерќичка. Кога во државна му велеа ништо не ти е, оди дома, еве ти апчиња за болка ќе ти помине. Е таа Ратка што ја пцуваш сега, ни ја отвори вратата, пружи рака за Мете да го прегледаат и ни помогна. Му открија рак и за 10 дена почина. Ве мразам Заев, знаете зошто? Затоа што на тие што се бореа за тебе како кутренце им нудевте пари, ако им требат а замисли тие луѓе горди ги одбија вашите пари зошто не се купуваа, бидејќи вредеа! Има многу да се каже за вас, и што се крие зад вашето ангелско лице. Ќе дојде време, “каменот од блиску доаѓа”.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.