Според политичките аналитчари во Албанија, балканската турнеја на Меркел која за еден месец заминува во политичка пензија е потврда за тоа колкаво значење Гемранија придава на Западен Балкан.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 септември, 2021 6:30

Меркел денеска ќе допатува во Србија, а во вторник ќе ја посети Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка денеска ќе допатува во Србија, а во вторник ќе ја посети Албанија.

Меркел во Белград ќе има средба со српскиот претседател Вучиќ додека во Тирана ќе се состане со албанскиот премиер Еди Рама, но и со шефовите на владите на Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Според најавите ќе се разговара за зајакнување на регионалната соработка.

Според политичките аналитчари во Албанија, балканската турнеја на Меркел која за еден месец заминува во политичка пензија е потврда за тоа колкаво значење Гемранија придава на Западен Балкан.

Канцеларијата на германската канцеларка претходно објави дека разговорите меѓу двајцата државници ќе се фокусираат на билатералните односи, економските и политичките прашања и на европската перспектива!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.