Во писмото Меркел посочува дека тешко ја примила веста за земјотресот во Албанија, изрази сочувство и вели дека жали за настраданите. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 декември, 2019 9:28

Меркел до Рама: Имате поддршка од Германија и ЕУ во овие тешки моменти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По трагичниот земјотрес кој ја погоди Албанија каде загинаа 51 лице, германската канцеларка Ангела Меркел испрати писмо до албанскиот премиер , Еди Рама.

Ангела Меркел с големо жалење ја примила веста за земјотресот кој ја погоди Албанија, особено поради тоа што загинаа над 50 лица…

Во писмото Меркел посочува дека тешко ја примила веста за земјотресот во Албанија, изрази сочувство и вели дека жали за настраданите. 

-Почитуван премиере, со голема вознемиреност ја примив веста за земјотресот во Албанија, каде што животот го загубија многу луѓе и имаше многу повредени. Сакам да изразам мое жалење и да испратам сочуство до Вас. Нашите мисли се со жртвите и настраданите. Јас знам за болката што вие и вашето семејство ја чувствувате. Изразуваме длабоко жалење за вас и за луѓето во Албанија кои ги загубиле своите најблиски како последица на земјотресот. Се надеваме дека повредените што побрзо ќе оздрават. Германија и Европската Унија ќе ве поддржат во овие тешки моменти,се наведува во писмото на Меркел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, исто така израси сочувство и на својот Твитер профил напиша дека ЕУ е на страната на Албанците и ќе биде тука за помош.

Лејен најави посета на Албанија од страна на комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич кој се очекува да допатува во Албанија во среда за да се информира за ситуацијата во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Меѓутоа, кога новинарите го прашаа дали е можно тој да биде толку неодговорен што не сторил ништо што им било препорачано на сите други заболени од коронавирус, (самоизолација, тестирање ...), Несторовиќ тврди дека не се однесувал неодговорно кон себе или кон луѓето од неговата окоКако гостин во една емисија, тој исто такапризна дека не бил во самоизолација затоашто имал премногу работа.лина.

Несторовиќ повторно шокира:Сигурен бев дека имав корона, но не бев во самоизолација!

Професорот д-р Бранимир Несторовиќ, член на кризниот персонал за борба против Ковид-19, ги...

Вирусот бил регистриран и кај тријажна медицинска сестра, која ги примала децата кои во понеделникот дошле во градинката во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце.

Се отворија пред два дена а денес прв случај на Ковид-19: Воспитувачка во градинка во Србија заразена од корона!

Српскиот министер за образование, Младен Чаршевиќ, рече дека има процедури кога вирусот...