Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Објавил: Валерија Петрова | 18 октомври, 2019 18:33

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало консензус меѓу лидерите на ЕУ за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Германија смета дека со исполнување одредени услови можеше да дојде до отворање преговори, но немаше единствен став за тоа. Ќе се вратиме на ова прашање на Самитот за Западен Балкан во 2020 година, порача Меркел.

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Таа оцени дека ЕУ сега мора блиску и силно да работи со земјите во регионот за да, како што вели, што е можно повеќе да се ублажи ударот на ваквата одлука.

– Разочарувања секако ќе има, заклучи Меркел.

За потсетување, Советот на министри на Европската Унија не донесе одлука за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија за влез во Унијата. По ваквиот равој на министерскиот совет, ова прашање се префрла шефовите на држави и влади на ЕУ, кои ќе имаат состанок в четвток и в петок во Брисел.

Главни пречки за отворање на преговорите со двете држави беа Франција и Холандија, при што Франција стави на знаење дека не прифаќа преговори ниту со една од нив, барајќи претходна измена на методологијата на пристапните преговори и дополнителен извештај на Европската комисија за реформите во Скопје и во Тирана.

Во пракса, тој став би можел да значи одложување на одлуката за преговорите најмалку до средината на следната година, а можеби и подолго.

Конечната одлука за тоа ќе треба да ја донесат лидерите на ЕУ, на самитот што ќе се одржи на крајот на неделава во Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и со качулка на главата во полициска придружба беше пренесена во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници во Скопје. Од таму, Јанева ќе го чека судењето закажано за 3 декември.

РУСКОСКА ЗГРМЕ ВО СУДОТ: По овој потег со Јанева ќе покренам финансиска истрага за судиите од Апелација!

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева обвинета во случајот „Рекет“ е...

Прво, за најкрупните криминални случаи во кои се вмешани и функционери, како што е “Рекет”, одлуките за притвор, ослободување од притвор, преформатирање на телефони, прикривање на докази, влијание врз сведоци и одлуките кој се треба или не треба да биде опфатен со истрагата, обвинителството и судот ги носат во тесна координација со премиерот во заминување Заев, што е деградирање на поделбата на власта и владеењето на правото.

Милошоски: Подобро Катица дома, отколку Заев во Аргентина

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека вчерашната одлука...

Тој тврди дека лицето кое пристигна од Шутка не е Јанева и дека се работи за уште една како што вели тој лага на Зоран Заев.

МИЛЕНКО: ТОА НЕ Е КАТИЦА-ЛАЖАТ таа е пренесена е со хеликоптер од Јасен во Грција во куќа на еден наш богаташ-политичар

Екс обвинителката Катица Јанева оди во куќен притвор. Вака денеска одлучи скопскиот...