
Свет
Европа
Германската канцеларка Ангела Меркел го оквалификува договорот за Брегзит кој британската премиерка Тереза Меј го постигна со Европската унија „дипломатско ремек-дело”.
Меркел: Ова е историски ден, кој предизвикува спротивставени чувства…трагично е што Обединетото Кралство ја напушта ЕУ после 45 години, но мора да го испочитуваме гласот на британскиот народ.
Таа не заборави да го пофали Договорот кој Меј го постигнала во „екстремно тешка ситуација без преседан”, но дополни дека во него се одразуваат интересите на обете страни.
8 септември 2018 година, Скопје, заедничка прес конференција со Премиерот Зоран Заев
Меркел во Македонија пред референдумот: Не сум за закана, вие можете да одлучите за иднината на вашата земја. Ако успее референдумот ќе станете дел од НАТО и ЕУ. Прашањето за името и членството во НАТО и ЕУ е поврзано, без решено прашање нема членство. Тоа не е закана. Луѓето на 30 септември имаат можност да гласаат дали вратата ќе се отвори кон НАТО и ЕУ и тоа бара прифаќање на Договорот со Грција, односно негово имплементирање од двете страни – рече Меркел.
Обединето Кралство увезува и извезува скоро исто во Европската Унија

Во 2014 година, вкупниот извоз на стоки и услуги на Обединетото Кралство изнесувал 515 милијарди фунти. Притоа, 44% од извозот бил наменет за Европската Унија, 21% одел во Северна и Јужна Америка, учеството на Азија во извозот на Обединетото Кралство изнесувало 19%, а 16% од извозот бил насочен кон остатокот на светот. Од друга страна, вкупниот увоз на стоки и услуги на Обединетото Кралство во 2014 година достигнал 550 милијарди фунти, а во структурата на увозот најголемо учество имале: Европската Унија (53%), Азија (20%), Јужна и Северна Америка (13%), додека 15% од вкупниот увоз доаѓал од остатокот на светот.
Што е бруто домашен производ кој толку шесто го слушаме кај политичарите:
Бруто домашен производ (БДП) (англиски: gross domestic product, GDP) е еден од основните начини на мерење на големината и перформансите на една економија. Бруто домашниот производ е дефиниран како вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период (вообичаено, една година). Според тоа, во БДП се вклучуваат само финалните добра, т.е. се исклучува вредноста на интермедијарните производи во производството. Изразот бруто се однесува на фактот дека амортизацијата на капиталните фондови е вклучена во пресметката на БДП. Значи, доколку се одземе амортизацијата на капиталните фондови би се добил нето домашен производ. Бруто домашниот производ е централна макроекономска категорија преку која се мери вкупната економска активност на една земја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.