Два дена порано, таа доби превентивна вакцина против пневмококна инфекција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 април, 2020 16:03

МЕРКЕЛ ПОВТОРНО ВО КАНЦЕЛАРИЈА: Се врати на работа после карантинот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се врати во својата канцеларија по двонеделниот домашен карантин, изјави нејзиниот портпарол, Стефан Сијберт.

Тој рече дека Меркел била тестирана неколку пати за вирусот корона и дека резултатите биле „за среќа негативни“.

Меркел влезе во домашен карантин на 22 март, откако беше известена дека докторката која и ја дала вакцината, била позитивна на вирусот корона.
Два дена порано, таа доби превентивна вакцина против пневмококна инфекција.

Од дома, Меркел водеше состаноци на владата и учествуваше на домашни и меѓународни видео конференции.

Бројот на лица заразени со коронавирусот на светско ниво веќе е поголем од еден милион, поточно 1.034.170. Бројот на излекувани, пак, е околу една петтина од тој број и изнесува 220.025, додека вкупниот број на починати е 54.465. 

Соединетите Американски Држави веќе неколку дена се на врвот на листата кога станува збор за бројот на заболени, па сега има 245.442 Американци заразени со новиот коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Министрите Турковиќ и Дашиќ ја истакнаа потребата за наскоро нормализирање на граничните режими во целиот регион, со цел да се обезбеди непречен проток на луѓе.

ПОТВРДЕНО: Босна и Херцеговина ги отвори границите за граѓаните на Република Србија!

Босна и Херцеговина донесе одлука да се отворат гранични премини за српски државјани,...

Ова би важело за Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Германија.

ЛАДЕН ТУШ ЗА МИЛО ЏУКАНОВИЌ: Хрватска и кажа СТОП на Црна Гора за влез на хрватската територија!

Според хрватските медиуми, на вчерашната владина седница, Хрватска донесе одлука да...

Влегувате во Србија само со лична карта, без тест на Ковид-19 и што е најважно, без задолжителна самоизолација од 14 дена, посочува ТВ-станицата.

ХРВАТИТЕ ДОАЃААТ ВО СРБИЈА НА ШОПИНГ: Еве што најчесто купуваат!

Хрватите можат да патуваат во Србија под скоро исти услови како пред 12 март, кога границата...