Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“.

Објавил: Сара Фемина | 15 септември, 2021 7:08

МЕРКЕЛ СО ПОРАКА ОД ТИРАНА: МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ГИ ИСПОЛНИЈА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО

Фото/Текст извор: ©тв 24

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, рече дека Албанија и Македонија ги исполниле условите за членство во Европската Унија. 

– И Албанија и Македонија ги исполнија поставените услови за да започнат преговори за членство. За жал, тоа  не беше постигнато поради бугарското вето, но ние ветивме дека ќе бидеме блиску до овој процес, бидејќи е вложена многу сила и енергија во него, рече Меркел.  

Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“. 

Ние сме заложници на национализмите во ЕУ. Во ЕУ нема националистички влади, но за жал во некои земји националистите и екстремната десница влијаат на одлучувањето на умерените влади. Дури и она што се случува денес е заложништво на интегративниот процес од националистички бран во една земја, рече Рама. 

На новинарско прашање Меркел призна дека стагнацијата на процесот на интеграција на Албанија во ЕУ се должи и на внатрешната политика на некои од земјите на Унијата, пренесе „Ора њуз“.

Меркел додаде дека го разбира разочарувањето на земјите од регионот бидејќи, како што рече, кога се исполнети условите, дадениот збор мора да се одржи и да не се даваат други услови поради внатрешно-политички причини во одредени земји.  

– Ова носи разочарување и ја разбирам фрустрацијата што постои. Кога ќе се потврди дека се исполнети условите, треба да се одржи зборот, бидејќи во спротивно се појавува разочарување и треба да знаеме како да си веруваме едни на други, рече Меркел!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.

Рекордни 24 претседателски кандидати за изборите во Бугарија на 14 ноември

Рекорден број од 24 кандидати од партии, коалиции и иницијативни комисии се регистрирани...

Почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија! Почнувајќи од денеска, 10 октомври,...