Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

Објавил: Весна Петровска | 17 јануари, 2020 20:15

Меркел: Старт на преговорите за Македонија и за Албанија, а потоа секој по својот пат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со Унијата, а потоа да продолжат индивидуално со процесот во зависност од своите постигнувања, порача германската канцеларка по средбата со хрватскиот премиер Пленковик во Берлин. Меркел очекува на состанокот на Европскиот совет во март да се постигне договор за старт на преговорите со двете земји, пишува Сител

– Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово- каде имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси“, рече Меркел

Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

– Посакувам, што поскоро, сите држави-членки на ЕУ да го препознаат овој клучен момент за храбри и конкретни чекори во оваа насока. Во тој контекст, очекувам и апелирам новата методологија за водење на преговорите да биде усвоена најдоцна до крајот на март 2020, а паралелно со усвојувањето на методологијата да биде донесена и одлуката за доделување датум за почеток на преговорите со Македонија и соседна Албанија, рече Пендаровски.

Одлуката за проширување ќе биде важна и за самата ЕУ, смета шефот на словачката дипломатија. Лајчак зборувајки на конференцијата за Западен Балкан во Берлин порача дека стартот на преговорите за Македонија ке покаже дека Унијата може да постигне консензус за позитивната агенда на зголемување на мокта и влијанието во регионот кој е важен за безбедноста на континентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерот одговори на прашањето кое можеби и најмногу ги интересира грашаните, и рече дека за сега илипче не е планирано да се воведе полициски час на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика. Тој посочи дека и натаму ќе продолжат да се казнуваат оние кои нема д аносат маска бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

Филипче во Топ Тема: Јануари ќе биде најризичен период за корона вирусот!

Најризичен период кој следува со корона вирусот е месец јануари, смета министерот...

Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдија дека доцна попладнево им стигнала пресудата од Врховен суд и бидејќи претходно веќе имало издаден упатен акт за затворската казна која не беше реализирана поради нејзиното барање за утврдување на законитоста на првостепената пресуда, одлуката на Врховен за затворската казна е ефективна.

НАЈНОВА ВЕСТ: Јанкулоска спроведена во затворот „Идризово“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доцна попладнево е...