Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет.

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 април, 2021 19:35

Мерките дадоа резултати, вели Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати, вели министерот Филипче!

Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време.

Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. Има многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот.

Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет.

Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците, истакна Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Претпладнево на Клиниката за урологија е извршена операција за трансплантација на...