Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Објавил: Мате Парлоф | 13 септември, 2023 6:15

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Фото/Текст извор: ©24 вести

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со антикризни мерки да и застане на патот, но од ноември.

Првите мерки за заштита од ценовни шокови, ќе бидат насочени кон граѓаните, а не кон трговците, истакна денес вицепремиерот Битиќи и порача дека нема да се дозволи трговците да се договораат за повисоки цени.

Владата со ребалансот издвои 74 милиони евра за деветтиот пакет антикризни мерки, но што точно ќе содржи овој пакет засега во јавноста никој не знае. Она што е познато е дека ќе бидат поддржани најпогодените категории, па оттука се отвора прашањето дали ќе има замрзнување на цени и ограничени маржи, или пак ќе биде само ограничена помош за одредена категорија на граѓани?

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

И додека граѓаните секојдневно се соочуваат со поскапувања, а нивните месечни примања остануваат исти, надлежните си ја префрлаат топката еден на друг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Зголемување на платата во нето-износ, според ДЗС, најмногу се должи на растот забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1%), административни и помошни услужни дејности (21,7%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8%).

Во однос на март, зголемување има во финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2%) и административни и помошни услужни дејности (12,5%).

ПЛАТИТЕ ВО АПРИЛ СО ПРОСЕК ОД 36.134 ДЕНАРИ

Просечната плата исплатена во април е во нето-износ од 36.134 денари или 587 евра. Бруто-просекот...

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Нето платата во октомври 33.104 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври  годинава изнесува...

Потенцира дека не е точно дека нема намалување на цените на производите и дека некои производи кои не се намалени не се во групата на производи кои треба да поевтинат

Намалувањето на цените на храната ќе биде од 7 до 12 отсто, вели Бектеши

Граѓаните да не очекуваат намалување на цените да биде 40 или 50 отсто туку од 7 до 12 посто...