Од понеделник до среда

Објавил: Калина Мартинска | 11 август, 2024 18:16

Мерките на владата за топлотниот бран ќе траат три дена

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

За овие три дена, од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда) важат истите дополнителни мерки за превенција, и тоа:

1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомни лица.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.